Крушаровски, Кире (2026) Влијанието на социјалната одржливост врз успешноста на работењето во угостителството. Masters thesis, UKLO St. Kliment Ohridski - Bitola.
|
Text
Кире Крушаровски - магистерски труд.docx Download (5MB) |
Abstract
Во услови на зголемена конкуренција, недостиг на квалификуван кадар и висока флуктуација на вработените, угостителскиот сектор се соочува со потребата од примена на одржливи управувачки практики во кои човечкиот фактор има централно значење. Социјалната одржливост ги опфаќа работните услови и безбедноста, правичното наградување, задоволството и мотивацијата на вработените, професионалниот развој, инклузивноста и одговорниот однос кон гостите и локалната заедница.
Целта на магистерскиот труд е да се испита поврзаноста меѓу елементите на социјалната одржливост и успешноста на работењето во угостителството во Македонија. Посебно внимание е посветено на кадровската стабилност, флуктуацијата на вработените, работните услови, платите и наградувањето, обуката, организациските односи и нивното значење за квалитетот на услугата.
Истражувањето се заснова на квантитативен и неекспериментален пристап, со примена на структурирани анкетни прашалници наменети за вработени, менаџери и гости на угостителски објекти. Вклучувањето на трите категории испитаници овозможува истражувачкиот проблем да се разгледа од внатрешна, управувачка и корисничка перспектива.
Добиените наоди укажуваат дека недостигот на стручен кадар, флуктуацијата, работното оптоварување и недоволната кадровска стабилност претставуваат значајни предизвици за угостителското работење. Истовремено, може да се согледа дека задоволството на вработените, организациската клима и професионалноста на персоналот се поврзани со квалитетот на услугата за гостите. Истражувањето обезбедува основа за подобро разбирање на улогата на социјално одржливите практики во стабилноста и успешноста на угостителските субјекти.
Практичните препораки се насочени кон подобро кадровско планирање, поправедно наградување, континуирана обука, подобрување на работните услови и развивање поотворени и инклузивни организациски односи.
Клучни зборови: социјална одржливост, угостителство, кадровска стабилност, флуктуација на кадарот, успешност на работењето.
| Item Type: | Thesis (Masters) |
|---|---|
| Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
| Divisions: | Faculty of Tourism and Hospitality |
| Depositing User: | Prof. d-r Tatjana Dimoska |
| Date Deposited: | 02 Oct 2026 10:57 |
| Last Modified: | 02 Oct 2026 10:57 |
| URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11864 |
Actions (login required)
![]() |
View Item |
